Одржување, оптимизација и модернизација на постојните капацитети и развивање на нови проекти за интеграција на водоводните системи, како и создавање на услови за обезбедување на квалитетни и лесно достапни услуги за нашите клиенти, насочување кон едукација, мотивација и унапредување на потенцијалот на вработените и технологијата.
Континуирано обезбедување на здравствено исправна вода за пиење, поголема безбедност и сигурност во снабдувањето и квалитет на водната услуга согласно важечките стандарди, како и зголемување на покриеноста во делот на одведување и пречистување на урбаните отпадни води.
Се грижиме за континуирана едукација и надградба на нашите вработени, стимулираме иновативен пристап во работењето, потикнувајќи ги своите луѓе за разработка на нови начини за поефикасно и поисплатливо искористување на ресурсите.
Проверете ја состојбата на вашите сметки целосно online.
населени места
домаќинства
правни субјекти
корисници