Актуелни теми

Актуелни теми

Актуелни теми

Фекална канализација во населено место Марино

ЈКП „Водовод” продолжува со поврзување на домаќинствата од улица “409“ н.м. Марино на канализацискиот систем во вкупна должина од околу 500 метри кој беше изграден кон крајот на минатата година. На овој дел од канализациониот систем ќе бидат поврзани околу 30 домаќинства од овој дел на населено место Марино и со тоа се решава проблемот со одведувањето на фекалните отпадни води во овој дел од Општина Илинден.

ИНВЕСТИЦИИ ВО ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА

ЈКП “Водовод“ н. Илинден изврши замена на старите и дотраени пумпи во препумпните уреди на фекалната канализација во населените места Илинден и Марино. Притоа беше извршена замена на старите фекални пумпи со нови како и на старите метални водилки во препумните уреди со нови изработени од иноксен материјал.

Со замената на фекалните пумпи во препумпните уреди значително ќе се подобри ефикасноста во делот на одведувањето на фекалните отпадни води.

Целосната инвестиција за замената на фекалните пумпи во препумпните уреди изнесува околу 1 милион денари.

Воедно апелираме до сите корисници да не фрлаат цврсти материи, влажни марамчиња, хигиенски средства (пелени) и слично, бидејќи истите го попречуваат нормалното функционирање на фекалната канализација, а истите можат да предизвикаат и прегорување на пумпите во препумпните уреди.


СООПШТЕНИЕ


Јавното Комунално Претпријатие "Водовод" н.Илинден ги известува граѓаните на Општините Илинден, Гази Баба и Петровец дека Претпријатието во моментов се соочува со проблем во навремено плаќање на обврските за електрична енергија потрошена за навремено и квалитетно снабдување со вода за пиење и одведување и пречистување на отпадните води за потребите на граѓаните.

Ве известуваме дека ваквата состојба се должи на енормното зголемување на цената на електричната енергија која ЈКП Водовод н.Илинден ја набавува на слободен пазар. Имено, фактурата за електрична енергија за месец јули 2022 година изнесува 5 500 000, 00 денари што е за 500% повисока во однос на фактурата за електрична енергија за истиот период за минатата година, односно за месец јули 2021 година која изнесува 991 802, 00 денари.

Состојбата со пазарот за електрична енергија е загрижувачка, прогнозите се дека растот на цената за електрична енергија ќе продолжи и во наредниот период. Во една таква состојба очекувано е дека фактурите за потрошена електрична енергија на месечно ниво ќе достигнат вредност од околу 8 000 000, 00 денари, сето тоа ќе влијае на загрозување на нормалното функционирање на Јавното Комунално Претпријатие Водовод Илинден и редовното снабдување со вода за пиење, одведување и пречистување на отпадни води за граѓаните на Општините Илинден, Гази Баба и Петровец. На месечно ниво Јавното Комунално Претпријатие "Водовод" н.Илинден остварува приходи во износ од околу 4 500 000, 00 милиони денари . Ваквиот приход е понизок од месечната фактура за електрична енергија и со истиот приход неможе да се платат фактурите за потрошена електрична енергија како и останатите обврски спрема други добавувачи.

Изминативе месеци, Здружението на даватели на комунални услуги - АДКОМ во кое членуваат сите комунални претпријатија вклучувајќи го и ЈКП Водовод н.Илинден ја информираше Владата на Република Македонија за проблемите со кои се соочуваат комуналните претпријатија во државата поради растот на цената на електричната енергија, со барање Владата да учествува во субвенционирање на цената на електрична енергија која е резултат на нарушување на пазарот на електрична енергија но од страна на Владата на РМ не е даден никаков одговор ниту подршка за надминување на ваквата состојба.

Ги известуваме граѓаните дека ЈКП "Водовод" н.Илинден ќе ги употреби сите можности и ресурси насочени кон давање на квалитетна и непрекината услуга поврзана со снабдување со вода за пиење и одведување и пречистување на отпадни води. Апелираме расположливите водни ресурси да ги користите рационално и умерено. Водата да ја користите исклучиво за задоволување на потребите за вода за пиење како и санитарна вода, истатата да не биде употребувана за наводнување на зелени површини, градини и полнење на базени.

Со не рационално користење на водните ресурси од една страна а зголемените трошоци од друга страна се доведува во прашање количината на раположива вода за сите граѓани и редовното снабдување со вода за пиење, одведување и пречистување на отпадни води.


Фекална канализација во населено место Кадино


ЈКП „Водовод” продолжува со поврзување на домаќинствата од улица “7“ н.м. Кадино кон канализацискиот систем за фекална канализација во Кадино припадна површина 3. Деновиве се изградени околу 30 метри нова канализациона линија за реализација на 3 нови приклучоци. Истите во наредниот период ќе бидат поврзани на пречистителната станица која е во изградба во ова населено место, со капацитет за 1250 еквивалент жители.

Канализацискиот систем во Кадино припадна површина 3, е во должина од околу 5000 метри, и на истиот има можност да бидат опфатени околу 330 домаќинства од ова населено место, како и други јавни објекти со што значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живот.


Нови приклучоци на фекалната канализација во Кадино


Екипите на ЈКП „Водовод” деновиве интензивно работат на приклучување на домаќинства кон канализацискиот систем за фекална канализација во Кадино припадна површина 3, каде се вршат нови приклучоци на корисниците од ул.„7” . Истите во наредниот период ќе бидат поврзани на пречистителната станица која е во изградба во ова населено место, со капацитет за 1250 еквивалент жители.

Канализацискиот систем во Кадино припадна површина 3, е во должина од околу 5000 метри, со кој треба да бидат опфатени 330 домаќинства од ова населено место, како и други јавни објекти со што значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живот.

Заедно со веќе постоечкиот канализациски систем припадна површина 4, сега со фекалната канализација ќе бидат опфатени над 660 домаќинства или 80% од вкупното население во Кадино.


И Н Ф О Р М А Ц И Ј А


Јавното Комунално Претпријатие „Водовод“ Илинден информира дека од ден 06.04.2022 година се започна со дислокација на дел од главната водоводна мрежа на потегот н.м. Марино - Кадино (во непосредна близина на фирмата Пекабеско).

Дислокација ќе се изврши на главната водоводна линија Ф280 во вкупна должина од 580 метри и притоа ќе се изврши замена на старите ПВЦ цевки со нови Полиетиленски цевки.

Вкупниот износ на инвестицијата од страна на ЈКП „Водовод“ н.Илинден изнесува 4.000.000,00 денари.


Локација

Адреса: УЛ.“9“ бб, н.Илинден Скопје, Македонија

Контакт

Телефони за контакт: 02/2573-077,02/2572-671
vodovodjkp@yahoo.com