За ЈКП Водовод Илинден

Законска регулатива

Работата на ЈКП "Водовод" н. Илинден е регулирана со повеќе законски и подзаконски акти од кои како позначајни би ги издвоиле:

1. Закон за Локална самоуправа
2. Закон за Јавни претпријатија
3. Закон за Комунални дејности
4. Закон за Водите
5. Закон за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води
6. Закон за Заштита и унапредување на животната средина и природата
7. Закон за Просторно и урбанистичко планирање
8. Закон за Градење
9. Правилник за безбедност на водата
10. Уредба за класификациа на водите
11. Уредба за категоризација на водотеците, езерата акумулациите и подземните води
12. Одлука за Комунален ред на Општина Илинден

Статут

Статутот на ЈКП “Водовод“ н. Илинден можете да го погледнете на следниот линк.

Историјат

Јавното Комунално Претпријатие "Водовод" н.Илинден е основано од страна на Општина Илинден за вршење на комунална дејност собирање, пречистување и дистрибуција на вода за пиење и прехрамбена вода како дејност од јавен интерес на подрачјето на Општина Илинден.

На седницата на Советот на Општина Илинден одржана на ден 30.08.2008 година е донесена одлука бр.07-1417-6 за издвојување на деловната единица - сектор Водовод од постојното Jавно комунално претпријатие Илинден од н.Илинден основано со одлука бр.09-349/6 од 25.11.1998 година и одлука за основање на ново Јавно комунално претпријатие Водовод, н.Илинден бр.07-1417/7.

Основна, односно претежна дејност на Претпријатието според националната класификација на дејности во Република Македонија (НКД-Рев.2) е 36.00 Собирање, обработка и снабдување со вода. Покрај основната дејност, Претпријатието во рамките на својот делокруг на работење врши и други дејности во согласност со закон и тоа 37.00 Отстранување на отпадни води.

Вршењето на дејноста се изведува преку средствата што ќе се остварат преку цената на услугите, од средствата на буџетот на основачот како и од други средства согласно закон.

Дејноста на Претпријатието се врши согласно Статутот на Јавното Комунално Претпријатие „Водовод“ н.Илинден кој е донесен од страна на Управниот одбор на ЈКП „Водовод“ н.Илинден на 29.01.2009 година и одобрен од страна на Советот на Општина Илинден.

Во текот на годините основниот Статут на Претпријатието претрпува измени и сите статутарни измени се сублимирани во Пречистен текст на Статутот на ЈКП „Водовод“ Илинден усвоен од страна на Управниот Одбор на Претпријатието на 29.09.2016 година.

Органи на Претпријатието се: Управниот одбор, Директорот и Надзорен одбор.

Бројот и составот на членовите на Управниот одбор го утврдува Советот на Општина Илинден со Решение за именување на членови на Управниот одбор.

Локација

Адреса: УЛ.“9“ бб, н.Илинден Скопје, Македонија

Контакт

Телефони за контакт:
02/2573-077
02/2572-671
vodovodjkp@yahoo.com